Mazda CX-8 доаѓа во Европа
Најголемиот јапонски кросовер Mazda CX-8, кој веќе се нуди некое време на домашниот и на австралискиот пазар, а стига и до Кина, наскоро ќе се појави и во Европа и во Америка, иако првично Mazda планираше да го продава само во Јапонија, тврдат луѓе од компанијата
Интересно е дека по традиција, за корисниците во Кина кросоверот се покажа малку поголем од оној за јапонскиот и австралискиот пазар, иако меѓуоскиното растојание од 2930 mm не е променето. Должината на Mazda CX-8 се зголемила за 55 mm до 4955 mm, ширина за 2 mm до 1842 mm , а висината за 3 mm до 1733 mm.
За кинеските купувачи се нуди само конфигурација со седум места, додека во други земји достапни се и двете варијанти. Основната цена ќе биде 37.500 долари, а најскапата верзија ќе дојде на кинескиот пазар речиси 49.000 долари.
Моторот кој треба да доминира на пазарите на Mazda CX-8 е 2.5 литарски атмосферски SkyActiv-G со моќност од 192 КС и 252 Nm максимален вртежен момент. Работи во комбинација со 6-брзински автоматски менувач, а достапен е и избор на погон на предни тркала или погон на четири тркала.