10-те најдобри мотори за 2019 според WardsAuto
WardsAuto вчера ги објави резултатите за 10-те најдобри мотори достапни во 2019 година
Во процесот на евалуација учествуваа 34 кандидати, почнувајќи од традиционалните мотори со внатрешно согорување до целосно електричните. Тестовите на моторите се вршени во текот на октомври и ноември. За првпат се појавуваат три мотори на пикап возила и четири електрифицирани мотори.
Заокружувањето на оваа 25-та година од постоењето на Wards 10 Best Engines го направи V-8 моторот, германски луксузен турбокомпресорски и извонредниот 4-цилиндерски со турбополнач со променлива компресија.
„Никогаш не би помислил дека ќе го доживеам денот кога автомобили со горивни ќелии и батерија ќе влезат во листата истата година како два големи V-8 и софистициран 4-цилиндерски мотор со варијабилна компресија” вели Дру Вимп, виш директорот на WardsAuto.
“Автомобилските работници и инжењерите се притиснати: владите низ целиот свет сакаат ниска емисија на штетни гасови и електрификација, додека клиентите сакаат возила што ги задоволуваат сите нивни потреби без компромис. Ние веруваме дека листата оваа година ја претставува способноста на индустријата вешто да ги задоволи двете страни”.
Овогодинешните победници:
3.0 (B58) DOHC Turbocharged I-6 | BMW X5 |
6.2 OHV V-8 со DFM | Chevrolet Silverado |
5.0 DOHC V-8 | Ford Mustang GT/Bullitt |
3.0 DOHC TurboDiesel V-6 | Ford F-150 |
2.0 DOHC Atkinson i-VTEC 4-Cyl./HEV | Honda Accord Hybrid |
120-kW Fuel Cell/Electric Propulsion System | Hyundai Nexo |
150-kW Propulsion System | Hyundai Kona EV |
2.0 DOHC VC-Turbo 4-Cyl. | Infiniti QX50 |
2.0 DOHC Atkinson 4-Cyl./HEV | Lexus UX 250h |
3.6 DOHC Pentastar eTorque V-6 | Ram 1500 |