Шумахер повторно оди!
Популарниот британски весник The Daily Mail објави дека во состојбата на светскиот шампион во Формула 1, Михаел Шумахер има сериозно подобрување. Изданието не цитира извор, но истакнува дека Михаел веќе може да оди сам, т.е не лежи цело време на кревет и освен тоа веќе не е постојано поврзан на системи.
Легендарниот пилот претрпе тешка повреда на главата на крајот на 2013 година кога падна на скијање, по што беше половина година во кома и се наметнаа неколку операции за да можат лекарите да ги намалат тензиите во черепот и да му го спасат животот. Сопругата на Михаел, Корина и менаџерот Сабине Кем воведоа целосна контрола врз информациите за состојбата на Шумахер, тужат неколку медиуми што ги направи другите многу внимателни во врска со изворите на информации за Михаел
Ова најверојатно значи дека во Mail имаат солиден извор инаку не би ризикувале „тужба до банкрот“, како што рече Кем пред време. Но, информациите на британскиот весник даваат интересен увид во напредокот на закрепнувањето.