Автомобилите на новата миленијална генерација
Seat спроведе истражување за потребите кои ги има оваа слободољубива генерација при избор на возило?
Миленијалците се генерација која се издвојува со брза адаптација кон технолошкиот напредок. Па како и многу други компании од различни свери кои ја истражуваат оваа генерација и инвестираат во нови и иновативни начини за привлекување на истата, така и SEAT спроведе истражување на оваа генерација која ги има поставено своите песни на „Cloud“ и користи последна генерација на смартфони.
За 40% од сегашните купувачи на автомобили помеѓу 25 и 37 години, надворешните линии се една од главните причини за купување на возило, бидејќи тие сметаат дека автомобилот е одраз на нивната личност. Да не заборавиме и дека звучниот систем и инфо-забавниот систем се дополнителни одлучувачки елементи за еден од секои три миленијалци.
50% од оваа популација преферираат компактни модели, 20% се одлучуваат за SUV сегментот, но сепак многу мал дел од оваа популација можат да си дозволат да купат автомобил. Поради неможноста да си дозволат да купат автомобил и трендот на делење на автомобил кој се интензивира, според Енрике Пастор, одговорен за истражувања на пазарот и стратегија на производот во SEAT, начинот на бирање и користење на автомобил е променет во однос на минатото.
Според Пастор: „Во просек се потребни девет недели за миленијалците да се одлучат за купување. Бидејќи одвојуваат време да бидат подобро информирани и се релативно помалку искусни во процесот на купување автомобил, исто така потребно им е повеќе време за одлука“.