Тест на новите 3D печатени сопирачки компоненти на Bugatti
Процесот на печатење на вакви сопирачки трае 45 часа
Овој месец Volkswagen отвори центар за производство на алати во својот главен производствен погон во Волфсбург. Единицата ќе ја користи „најнапредната генерација 3D печатачи”, развиена во соработка со HP, со што на крајот ќе изгради 3D печатени делови за масовно производство.
Bugatti, еден од брендовите во портфолиото на VAG, веќе е искусен во дизајнирањето на 3D-печатените компоненти. Во видеото се гледа како се врши тестирањето на сопирачката шепа која е ставена на држач кој симулира брзина од 400 километри на час. На највисоко оптоварување дискот развива температура од 1.000 степени Целзиусови при што дискот гори.