fbpx

Tesla Roadster претставен со игра на светла

Иако досега многу работи се познати за новиот модел на Tesla, спортскиот Roadster, треба да се знае дека неговата пазарна продажба ќе започне во 2020 година

Тоа е годината кога најверојатно ќе го видиме новитетот по улиците, но познавајќи ја Tesla и нивните доцнења, можеби и подоцна. Со цел тоа време да помине побрзо, компанијата предложи ново видео. Филмскиот режисер Јазуки, одлучил да го скрати периодот со претставување на темен модел во темна просторија, со игра на светла. Од тоа е произлезен интересен тизер каде може да се видат сите „мускули“ и атрактивни линии на електричниот супер спортски автомобил.

Перформансите кои ги вети Tesla за новиот Roadster се импресивни. Како што веќе имаме пишувано, моделот треба првите 100 km/h да ги достигне за време од 1.9 секунди, додека 402 метри ќе ги помине за неверојатни 8.8 секунди. Максималната брзина се очекува да ја помине границата до 400 km/h, а за сето тоа е најавен обртен момент од 10.000 Nm од три електрични мотори. Два од нив ќе бидат позиционирани на задната оска, додека само еден на предната.

Цената на основниот Tesla Roadster ќе биде околу 200.000 долари, а доколку сакате да си резервирате еден, тоа ќе ве чини 50.000 долари.

Поврзани вести

Back to top button