fbpx

Kia ќе обезбеди модели за потребите на Australian Open

Ова е 18-та година по ред за Kia како генерален спонзор на Australian Open

Kia ќе обезбеди специјално опремени автомобили за потребите на членовите и делегатите од Australian Open. Официјалната церемонија за отворањето на турнирот се одржа во Мелбурн, каде амбасадорот на брендот и носител на 17 титули од Гренд Слемот – Рафаел Надал, ги претстави 120-те автомобили со ознаката на Kia, кои ќе ги транспортираат натпреварувачите, официјалните гости, организациски тимови од фанови на тенисот, медиумски претставници и ВИП гости.

Натпреварувањето започна на 14 јануари во Мелбурн и ќе заврши со финалето на мажите на 27 јануари. Автомобилите ќе бидат управувани од 350 специјално обучени возачи кои се предвидува да поминат над 450.000 км во рамките на настанот.

„За нас е огромна чест бидејќи, речиси две децении сме горд спонзор на еден од најпопуларните спортови во меѓународно ниво. Со љубопитност и интерес очекуваме да започне натпреварувањето кое веруваме дека ќе биде највозбудлив тенис турнир досега“, рече Џамес Чо, претседател на Kia Motors Австралија.

Kia

„Kia е многу повеќе од спонзор на Australian Open, всушност компанијата е високо ценет член на нашето тенис семејство, кој долги години активно помага за развојот на турнирот. Првиот знак за почетокот на Australian Open е присуството на бројни автомобили од Kia во Мелбурн, кои станаа симбол на турнирот“, рече Крег Тајли, извршен директор на Australian Open.

За да го прослави долгогодишното партнерство, Kia ќе претстави бројни оn- и off-line програми за навивачите на тенисот во светот. Активацијате на AO Selfie Contest им овозможува на навивачите да ги споделат своите омилени моменти за време на турнирот на социјалните мрежи, додека 68 среќници од клиентите на марката, избрани случајно во 28 држави, ќе добијат билети за полу-финалето.

Поврзани вести

Back to top button