Викенд Тарифа: Tesla Model X P100d со Lamborghini ентериер (Видео)
Одлична преработка на ентериерот на Model X на Tesla со оригинална Lamborghini кожа
Специјализирани во преработки само на Tesla модели, T Sportline во оваа изработка, целосно го променија изгледот на овој Model X. Од надворешниот изглед можеме да видиме дека моделот е проширен со додатоци од јаглеродни влакна за цели 10 центиметри. Фелните од 22 инчи кои се ограничено издание и затемнетите стакла го прават овој автомобил да изгледа како еден монолит.
Најголемата и највпечатливата промена е внатрешноста која е целосно променета. Портокаловата оригинална Lamborghini кожа се истакнува, а и изгледа одлично внатре во овој електричен автомобил.