Автомобилите со најфутуристички контролни панели
Автомобилските производители не запознаа со своите нови концептни модели и најсовремени технологии, а за вас овој пат ги издвојуваме најтехнолошките контролни панели
Изминатава година имавме можност да погледнеме голем дел на нови концептни модели, преку кои производителите од целиот свет се потрудија да ни ја доловат сопствената визија за иднината на автомобилите. Претставени ни беа разни концептни модели, опремени со најнови и најсовремени технологии и системи. Многу од нив успеаа и да не изненадат со нешто досега непознато, со цел да ни ја доловат блиската иднина во развојот на возилата.
Почетокот на 2019 година се одбележа со саемот на иновации во Лас Вегас наречен „Ces“, каде големо внимание беше обратено и на светот на четири тркала. Производителите имаа можност да ги изложат своите возила, како футуристичките прототипови и стандардните модели. Тие исто така имаа прилика и да ги презентираат своите најнови технологии и системи кои наскоро ќе ги имплементираат во своите модели.
За оваа прилика, ги издвојуваме најтехнолошките и најфутуристичките контролни панели од концептните модели прикажани како на „Ces“, така и на изминатите автомобилски саеми.
На оваа листа се најдe Lexus со концептниот модел UX, BMW со Vision iNext, концептниот SUV на Byton, Citroen со Divine DS, концептниот интериер на Bosch, Mercedes со EQ и Мaybach ultimate luxury, Renault со концептниот Trezor, Volkswagen со T-Prime, Peugeot со Exalt и e-Legend, Toyota со Concept-i, Roewe со Vision-E и Honda со концептниот Urban EV.15