fbpx

Porsche го претстави новиот 911 на Алпите

По светската премиера која се одржа на саемот за автомобили во Лос Анџелес, осмата генерација на иконата за спортски автомобил беше презентирана на високото подрачје Арејт-Алм во Австрија во снежна околина

Ова е првото појавување на возилото по саемот. За да се постигне целата презентација, моделот беше прикачен на хеликоптер, кој полета кон Алм, моесто кое се наоѓа на надморска височина од 1.408 метри. Презентацијата ја водеа д-р Волфганг Порше, претседател на Надзорниот одбор на Porsche AG, Албрехт Рејмолд, член на Извршниот одбор одговорен за продукција и логистика, амбасадорите на брендот Валтер Рерл и Марк Вебер, како и возачите Тимо Бернард и Ричард Лиец.

Porsche

Новиот 911, исто така, ги поткрена стандардите, во поглед на ексклузивните спортски карактеристики и непогрешливо имплементирање на дизајнот и добро познатата ДНК на Porsche. Интелигентните системи за контрола на стабилноста и шасијата, како и иновативните системи за помош, се комбинираат за бескомпромисна динамика на класичниот спортски автомобил со мотор во задниот дел.

Porsche

Верзијата Carrera S е опремена со подобрен турбо мотори со 450 КС. Моќта е испорачана од ново развиен менувач со двојна спојка и осум брзини, а забрзувањето на автомобилот од 0 до 100 km/h повторно е под четири секунди. Опремени со опционалниот Sport Chrono пакет, Carrera S со погон на задните тркала забрзува до 100 km/h забрзува за само 3,5 секунди, додека 911 Carrera 4S со погон на сите тркала го комплетира спринтот за 3,4 секунди. Максималните брзини изнесуваат 308 km/h (911 Carrera S) и 306 km/h за верзијата со погон на сите тркала.

Презентацијата се одржа пред GP тркатата на мраз на „Zell am See“.

 

Ова е ново издание на легендарна трка која се одржуваше од 1937 до 1974 година. Настанот, кој се одржа изминатиот викенд на спортскиот аеродром Зел, понуди на гледачите многу спортски активности со класични, актуелни и рели возила – вклучувајќи бројни Porsche модели. Околу 130 учесници беа дел од околу 600 метри долгата патека на мраз, помеѓу кои беа победникот на Ле Ман – Ханс-Јоахим Штук, како и бренд амбасадорите на Porsche – Марк Вебер и Валтер Рерл.

Поврзани вести

Back to top button