fbpx

BMW M8 Gran Coupe-изгледа добро

Една година по дебито на концептот на саемот за автомобили во Женева, BMW M8 Gran Coupe забележан на отворено

И покрај маската, неможеа да се сокријат сензуалните линии на седанот. Издувните цевки се знак дека сепак ова ќе е повозбудлива играчка од M850i, додека пак спуштената спортска суспензија го прави автомобилот да изгледа како да е залепен на патот. Решетката на бубрезите не е толку голема како кај X7, има многу сличности со BMW M8 Coupe, со таа разлика што тука задната покривна линија е подигната со цел да се обезбеди поголем простор за патниците.

BMW M8 Gran Coupe

Според Motor1, BMW M8 Gran Coupe ќе се напојува со битурбо, 4.4-литарски V8 мотор, со 600 КС. Производството на овој четиривратен агресивен автомобил треба да започне оваа година, а цената сеуште не е официјално потврдена но се очекува да изнесува 130.000 фунти.

BMW M8 Gran Coupe

Поврзани вести

Back to top button