Пристапот во автомобил без клуч беше прогласен за опасен
Специјалисти од германската јавна организација за моторни возила ADAC ја тестираат веродостојноста на пристапот во автомобил без клуч на 237 модели. Од нив 230 не успеале да ги исполнат условите, објави ADAC.
Карактеристиката на ваквиот пристап во возилото и стартувањето на копче е една од најбараните опции за потрошувачите, па затоа и е достапна на модели од сите класи. За некои, дури доаѓа и во основна опрема, бидејќи е многу удобно. Но, исто така, изгледа дека е доста опасно.
Експертите од ADAC тестирале 237 модели од 30 брендови, а 230 од нив се покажале како ранливи на напади на хакери кој користат уреди за пресретнување на сигналот, кои се многу евтини и се продаваат слободно на интернет. Со нивна помош крадците го скенираат сигналот од клучот и потоа го снимаат и засилуваат за да можат да го отворат автомобилот.
Само три модели успеале целосно да се спротивстават на напад на хакер, а тие се од британската компанија Jaguar Land Rover. Станува збор да електричниот кросовер Jaguar I-Pace, теренецот со средни димензии Land Rover Discovery и компактниот кросовер Range Rover Evoque.
Други четири модели исто така имаат добро ниво на заштита, што ги тера специјалистите од ADAC да излезат со заклучок дека опасноста од напад врз автомобилите со пристап без клуч се уште е многу сериозна тема и бара подобрување.