fbpx

Објавени финалистите за Светски Автомобил на Годината 2019 (Видео)

Организаторите на меѓународниот конкурс за Светски автомобил на годината ги објави имињата на финалистите по категории кои ќе се натпреваруваат за наградите за 2019 година.

Во главната категорија- Светски автомобил на годината 2019, финалисти се Audi e-tron, BMW 3 Series, Ford Focus, Genesis G70, Hyundai Nexo, Jaguar I-PACE, Mercedes-Benz A-Class, Suzuki Jimny, Volvo S60 / V60 и Volvo XC40.

За најдобар градски автомобил на годината за 2019 номинирани се пет модели- Audi A1, Hyundai AH2/Santro, Kia Soul, SEAT Arona и Suzuki Jimny.

За наградата Светски луксузен автомобил на годината 2019 се Audi A7, Audi Q8, BMW 8 Series, Mercedes-Benz CLS и Volkswagen Touareg, а за Светски спортски автомобил на годината се Aston Martin Vantage, BMW M2 Competition, Hyundai Veloster N, McLaren 720S и Mercedes-Benz AMG 4-door Coupe, меѓу еколошките модели се натпреваруваат Audi e-tron, Honda Clarity Plug-In Hybrid, Hyundai Nexo, Jaguar I-Pace и Kia Niro EV.

Оваа година, експертско жири, повторно ќе го одреди автомобилот со најдобар дизајн во светот, а за 2019 година финалисти се Citroen C5 Aircross, Jaguar E-Pace, Jaguar I-PACE, Suzuki Jimny и Volvo XC40.

Победниците во изданието за 2019 на конкурсот ќе бидат објавени на 17 април за време на меѓународниот саем во Њујорк, но пред тоа, на 5 март, на салонот во Женева, ќе бидат познати и првопласираните во одделните категории.

 

Поврзани вести

Back to top button