Daimler и Geely го прошируваат своето партнерство
Генералниот директор на концернот Daimler - Дитер Цетче, призна дека води преговори со кинескиот холдинг Geely за проширување на соработката
Ова е спротивно на мерките преземени од страна на германската влада за заштита на индустријата на земјата од надворешни конкуренти. Во октомври минатата година Daimler кој ја поседува автомобилската компанија Mercedes-Benz, најави создавање на заедничко вложување за производство на автомобили со Geely.
Тоа се случи откако кинескиот холдинг или поточно неговиот претседател и извршен дирекор Ли Шуфу купи 9,69% од акциите на германскиот производител. Сега, глобална цел на двете компании, барем според зборовите на Цетче, е создавање на комплетена алијанса.
Во исто време властите во Германија најавија дека сакаат да купат дел од Daimler, како и од други големи германски производители во различни области, за да ги заштитат од несакани странски инвестиции. Со своите 9,69% основачот на Geely – Ли Шуфу, во Daimler е најголемиот приватен инвеститор. Тој плати 9 милијарди американски долари за германскиот концерт, и не ги крие неговите амбиции да го зголеми овој удел.