Најавен нов Mini John Cooper Works GP
Кон крајот на минатата година беше потврдено дека Mini John Cooper Works GP ќе се појави на пазарот во 2020 година
Иако концептот беше претставен во 2017 година, сега се објавени слики на некои нови детали од автомобилот. Британскиот бренд кое е во сопственост на BMW изјави дека концептот е испириран од победите на трките во Монте Карло кон крајот на седумдесетите години.
Новиот Mini John Cooper Works GP ќе добие 2.0-четирицилиндричен мотор со 300 коњски сили, преден погон, спортски ентериер. Автомобилот се претставува како најбрзиот модел во историјата на брендот, а најавено е производство на ограничена серија од 3.000 примероци.