Партнерството помеѓу Ford и Volkswagen дојде до првите проблеми
Само пред еден месец на саемот во Детроит компаниите Ford и Volkswagen најавија дека почнуваат глобално партнерство за развој на трговскиот транспорт
Договорот опфаќа заеднички планови во областа на електомобилите, но се покажа дека разликите помеѓу двата производители се огромни. Сега следи нов состанок на официјални претставници на Ford и Volkswagen за да разговараат за идното партнерство.
Според информација на весникот Motor1, во моментот разликите околу некои прашања – особено во областа на електромоболите и автономните возила се доста големи. Според Џим Фарли, потпретседател на глобалниот маркетинг на Ford, разликите меѓу двете компании во овие области се како „разликите меѓу аикидо и скијање“.
Една од причините е дека стратегијата на Ford за електрични возила е насочена кон развој на комерцијални транспортни модели, како и верзии со високи перформанси. Во исто време потпретседателот на единицата на VW во Северна Америка – Метју Рен, објави дека програмата на неговата компанија во областа на електричните возила е насочена кон масовниот корисник, а не кон богатите луѓе.
Компанијата ќе инвестира 50 милијарди долари за да до 2025 година ги понуди сите електрични модели. За сега, двете компании одбија да коментираат за нивните разлики. Во официјално соопштение од Ford најавија само дека преговорите продолжуваат, откако двата производители се подготвуваат за соработка во многу области.