Космосот нов предизвик за Suzuki
Конкурсот на Google - Lunar X Prize, влегува во најинтересниот дел, во кој ќе бидат дефинирани најдобрите инженери и технолошки претприемачи од целиот свет, кој успеале да создадат нискобуџетно роботизирано возило за испитување на вселената
Конкурсот на Google – Lunar X Prize, влегува во најинтересниот дел, во кој ќе бидат дефинирани најдобрите инженери и технолошки претприемачи од целиот свет, кој успеале да создадат нискобуџетно роботизирано возило за испитување на вселената.
Победникот на конкурсот ќе се најде во вселенскиот брод Lunar на 31 декември 2017 година и ќе испрати фотографии и видео клипови оттаму. Главната награда во вселенската трка е 20 милиони долари. Барањата за учесниците во конкурсот се навистина ригорозни – возилата не само што треба да стигнат до Месечината, туку треба и да можат да се движат барем 500 метри по површината на сателитот на Земјата. Затоа е многу важно да се создаде лесна и високо квалитетна конструкција за овој предизвик.
Еден од петте финалисти во трката е јапонскиот тим Hakuto. Тимот го избра како партнер Suzuki за развојот на вселенското возило за да стигне до Месечината.
– Соработката со Suzuki е возбудлива можност за нас, бидејки оптимизирањето на тежината и погонот на четири тркала се многу важни карактеристики на истражувачкиот автомобил за Месечината. Ние веруваме во искуството на Suzuki, кој е лидер во производството на мали и квалитетни автомобили, објасни шефот на Hakuto, Такеши Хакамада.
Децениското искуство во развој на автомобили и технолошката експертиза на Suzuki придонесуваат за извонредни решенија, особено околу тежината на возилото, што е исклучително важно и за оптимизирање на трошоците. Вселенското возило на Hakuto е опремено со технологија за погон на четири тркала AllGrip на Suzuki, која се докажа како сигурен за движење низ различни терени кај моделите од автомобилската гама на јапонскиот производител – Vitara, SX4-Cross, Jimny, Ignis и Swift.
– За нас е големо задоволство што Hakuto ни понуди доверба во мисијата за истражување на Месечината. Ние целосно се согласуваме со фактот дека Hakuto се стреми кон остварување на сонот, создавајки го ова мало возило. Со нетрпение очекуваме успешно истражување на Месечината со автомобил во кој се вградени технологии на Suzuki, изјави Тошихиро Сузуки, претседател на Suzuki Motor Corporation.