fbpx

Започна испораката на Volvo електричните камиони

Електричните камиони станаа реалност со првите испораки на шведскиот производител

Компанијата Volvo Trucks започна со испораката на своите први електрични модели, меѓу кои се најде камион за отпадоци и рециклирање испорачан до компанијата Renova и дистрибутивен камион до компанијата за логистика TGM.

Ова претставува само мал примерок од сериското производство на FL и FE Electric кое ќе започне во втората половина на оваа година. Како почетен и примарен пазар за овие електрични камиони е планирана Европа, која се очекува со голем ентузијазам да ги прифати овие нови возила со нилта-емисија на издувни гасови.

Volvo

Возачите кои ќе управуваат со овие камиони, ќе имаат можност прво да ги тестираат, што и воедно ќе претставува дел од нивната оперативна обука. Од Volvo изјавија дека возачите кои досега имале прилика да се сретнат со новите електрични камиони, биле посебно импресионирани со одзивот на погонската единица, која овозможува непречно и брзо забрзување со ниско ниво на бучава. Недостатокот на бучавата и издувните гасови на моторот исто така треба да понудат и подобри работни услови за возачите.

„Нашата тесна соработка со возачите и купувачите ни овозможи за кратко време да развиеме електрифицирани транспортни решенија, кои ги задоволуваат високите барања во однос на перформансите, управувањето, ракување со товар и употребата на возила”, изјави Роџер Алм, претседател на компанијата Volvo Trucks.

Што се однесува до способноста на двата електрични камиони, FL Electric има капацитет од 16 тони, додека пак FE Electric како помоќен има капацитет од 27 тони.

Поврзани вести

Back to top button