fbpx

Викенд Тарифа: Camaro со сет џиновски тркала

Кога еден автомобилски ентузијаст ќе се погрижи своето ново возило навистина да се разликува од другите, добиваме прилично екстравагантно Chevrolet Camaro

Американскиот фанатик од Илиноис, Кори Џонс, го однесе авто тјунингот на сосем поинакво ниво. Тој своето ново Chevrolet Camaro стилски го модифицирал на еден навистина интересен и забавен начин.

Сопственикот вели дека речиси се на неговото Camaro е специјално модифицирано по негов вкус.  Како главен дел од овие модификации е џиновскиот сет од 32-инчни тркала, кои се изработени по специјална нарачка и обоени во иста боја со самиот автомобил. Интересни промени има и во пределот на интериерот, каде се наоѓаат кафени кожни седишта, додека пак во панелот на секоја врата се наоѓаат по еден 27-инчен телевизор, пропратен од три звучника. Модификациите не завршуваат тука, а остатокот погледнете го на видеото.

Со сигурност може да кажеме дека ги краде погледите на сите минувачи.

 

Поврзани вести

Back to top button