Continental создаде револуционерна конструкција
Производителот на гуми Continental претстави сосема нов проект на пневматици, кои ги комбинираат фелните и сопирачкиот диск во едно. Ова ќе ја зголеми ефикасноста на сопирање, а истовремено ќе го поедностави самиот механизам
Производителот на гуми Continental претстави сосема нов проект на пневматици, кои ги комбинираат фелните и сопирачкиот диск во едно. Ова ќе ја зголеми ефикасноста на сопирање, а истовремено ќе го поедностави самиот механизам.
За таа цел, Continental разви сосема нов вид на фелни. Новината се состои од три одделни делови, главната е јадро во облик на ѕвезда во внатрешноста на која се прикачува кружниот диск за сопирање. Самата гума е поставена надвор. Така, сопирачките не го зафаќаат дискот од надвор, како што беше порано, туку однатре. Целата конструкција е изработена од алуминиум, што резултира со помала тежина, а со тоа и поголема ефикасност на сопирање. Покрај тоа, комфорното сопирање на возилото е подобрено, а во исто време е полесно сервисирање и поправка на целиот систем.
Друг плус за новата идеја на Continental е да ја зголеми ефикасноста на системот за обновување на кинетичката енергија. Ова се смета за една од најважните предности на технологијата, која прво треба да се користи во компактни или средни електрични изведби.