ADAC: Дизелот е чист!
Најголемата организација на возачи во Германија ADAC, ги спроведе своите RDE тестови на голем број бензински и дизел модели со цел да ги утврди своите еколошки перформанси
Излезе дека голем број на модели емитираат значително помалку од дозволените 168 mg/km кои го исполнуваат стандардот Euro 6d Temp. На пример дизелот на Mercedes C-Класа C220d всушност не ослободува NOx (азотни оксиди), а кај BMW 5-серијата е само 1 mg на километар.
Opel (Vauxhall) Astra со 1.6 литарски дизел исто така импресионира со 1 mg/km, а Citroen Berlingo BlueHDI 130 пријавен само 7 mg/km. Дури кај некои случаи, дизел возилата испуштаат помалку NOx од еквивалентните бензински модели. Не е јасно како производителите имаат постигнато такви ниски емисии, но ADAC е убеден дека нивните резултати се вистинити и нема манипулации.
Резултати од тестот (модел – нивоа на NOx)
МОДЕЛ | НИВО НА Nox |
Audi A8 50 TDI | 15 |
BMW 520d Steptronic | 5 |
BMW 520d | 1 |
BMW X2 xDrive 20d | 23 |
Citroën Berlingo Blue HDI 130 | 7 |
Honda Civic 1.6 i-DTEC | 101 |
Kia Ceed 1.6 CRDi | 22 |
Mercedes-Benz A 180 d | 40 |
Mercedes-Benz C 220 d | 0 |
Opel Astra 1.6d | 1 |
Peugeot 308 SW BlueHDi 180 | 30 |
Volvo XC60 D5 AWD | 56 |
VW Golf 1.6 TDI SCR | 14 |
Од 1 јануари, дозволените штетни емисии за автомобилите во Европа е намален за 1,5 пати, што ќе им овозможи на дизел возилата да одат до 120 mg/km NOx во реални услови.