Освежената Vitara во салоните на Suzuki
Актуелната генерација на Vitara доби и свое мало освежување, а најголем новитет претставуваат токму новите погонски единици
По четири успешни години на пазарот, јапонскиот производител реши да го освежи и надгради својот актуелен SUV модел со голем број на естетски и технолошки подобрувања.
Во однос на надворешниот изглед, новата Vitara ни доаѓа со мали каросериски дотерувања, како ажурирана предната решетка, алуминиумски тркала со нов дизајн, нови LED задни светла и дополнување на палетата со нови две бои. Ентериерот е подобрен во однос на материјалот од кој е изработена централната табла, а тука е и новиот колор дисплеј поставен во централниот панел.
Најважната иновација за редизајнираната Suzuki Vitara се двете нови единици, односно 1.0 и 1.4 литарските турбо бензински мотори, каде првиот доаѓа со моќност од 112 коњски сили, додека вториот испорачува моќност од 140 коњски сили. И кај двете погонски единици достапен и изборот помеѓу пет степен рачен и шест степен автоматски менувач, како и опцијата за погон на предните или на сите четири тркала.
Што се однесува до пакетите на опременост, освежената Vitara ни доаѓа со неколку нивоа на опременост, како GL, GL Plus и GLX пакети. Како дел од основниот GL пакет се старт/стоп системот, LED задните светла, системот за помош при поаѓање на нагорнина, 16-инчните алуминиумски фелни и DRL дневните светла.
Цените на Vitara во зависност од изборот на опремниот пакет и моторот, се движат од 14.980 до 25.970 евра. Изложениот модел е опремен со GL Plus пакетот и 1,4 литарскиот DITC мотор со моќност од 140 коњски сили и погон на сите тркала, при што е со цена од 18.390 евра.
За повеќе информации околу овој модел може да се обратите во салонот на Suzuki во Скопје, или да ја посетите нивната веб страна www.mirkat.mk