Женева 2019: Mercedes со новиот AMG GT R Roadster
Претставен за прв пат на саемот во Женева, Mercedes-AMG објави детали за новиот GT R Roadster, кој доаѓа во ограничена серија од само 750 единици
Со појдовна точка од редовниот шасиски изглед со отворен покрив, GT R Roadster го наследува аеро пакетот од регуларниот модел, кој вклучува големо фиксно задно крило, значителен заден дифузер и остар преден браник.
Зад овој аеро пакет се наоѓа истата верзија на 4,0 литарскиот V8 турбо мотор од R купето, кој на новиот Roadster му обезбедува моќност од 577 коњски сили и вртежен момент од 700 Nm при 2100 вртежи во минута. Благодарение на ова, тој достигнува максимална брзина од 317 километри на час, а од 0 до 100 забрзува за импресивни 3,6 секудни.
Со тежина од 1710 килограми, Roadster тежи речиси 80 килограми повеќе од купе изведбата, но сепак е за 25 килограми полесно од GT C Roadster, и покрај дополнителниот хардвер.
Новиот GT R Roadster и покрај недостатокот на фиксен покрив, ги наследува надградбите на купе верзијата, каде вклучени се алуминиумските тркала со десет краци, како и заштитната решетка. Што се однесува до системот за потпирање, тој се одржува на прилагодлива суспензија со адаптивен систем за амортизација, а опремен и е со систем за активно управување на задите тркала. За целосно искуство на патеката, овој AMG доаѓа со напреден систем за контрола на пролизгување, кој овозможува целосно деактивирање на ESP.
Конечно, кај овој модел е достапна и надградената верзија на AMG Dynamic Select системот, кој има покомфорна контрола при распределбата на моќноста и управувачкиот одзив во четири работни режими.
Цените за новиот AMG GT R Roadster не се објавени сеуште, додека пак првите негови испораки се очекуваат кон крајот на ова лето.