Седиштата на новиот Ford Focus со награда за својата функционалност
Ford објави дека предните две седишта на новата генерација Focus добиле признание од водечката здравствена организација Aktion Gesunder Rücken (AGR) за ублажување на болките и големото влијание врз грбот на патниците напред
Од Ford велат дека признанието за седиштата на Focus е прво од ваков вид за брендот од организациата AGR и дека за стекнување на сертификатот, конкретните седишта треба да бидат во можност да се прилагодат на човечката структура во седечка положба, а не возачот или неговиот сопатник во предниот дел за да се прилагодат на положбата на седиштето.
Најповолната средина за грбот што ја нудат предните седишта на новиот Ford Focus е резултат на нивната можност да се нивелираат во 18 насоки за максимална потпора и удобност.
Седењето во погрешна позиција може да доведе до тоа возачот да го оптовари долниот дел на грбот. Нашата цел со Focus беше да развиеме седиште со регулација во 18 насоки, кое се прилагодува на секој човек што им овозможува на возачите со секакви димензии лесно да ја постигнат својата оптимална позиција на седење за максимална удобност, особено при долгите патувања.