fbpx

Електричниот Porsche Taycan со повеќе од 20.000 порачки

Производителот на луксузни автомобили Porsche објави дека компанијата примила повеќе од 20.000 нарачки за купување на првиот целосно електричен автомобил на марката- Taycan без автомобилот да е претставена пред публика.

Од легендарната компанија велат дека желба за купување на Taycan се клиенти со сериозни намери за стекнување со ваков вид на автомобил, а секое барање е направено со депозит од 2500 евра.

Сериската верзија на целосно електричното Porsche Taycan ќе биде претставена за прв пат во септември оваа година, а од компанијата споделија дека планираат пазарното лансирање да се случи пред крајот на оваа година.

Taycan

Според првичните информации на Porsche, моделот ќе биде во можност да се забрза од 0 до 100 km/h за помалку од 3,5 секунди, автономијата ќе биде над 500 километри, а дополнителни 100 поминати километри ќе можат да бидат генерирани само за 4 минути полнење со соодветен систем.

Поврзани вести

Back to top button