Montblanc и BMW со ексклузивен комплет торби за новата 8 Серија
BMW Group ја продолжува успешната соработка со Montblanc и овој пат нуди на своите клиенти специјално развиена палета на торби за целосно новата 8 Series Coupé
Од BMW коментираат дека создадениот комплет од Montblanc е рачно изработен во Фиренца, а за правење на одделните чанти е користена само висококвалитетна перфорирана црна или црвена кожа. Во сетовите се вклучени пет различни чанти, вклучувајќи торба за гитара и за костими, а нивното производство е ограничено на само 15 примероци. Секој од производите е дизајниран така што може да го најде своето место во багажникот на новата осмица.
Ексклузивниот комплет на торби на Montblanc и BMW за 8 Серија се продава во BMW Welt во Минхен, а цената му е одредена на 14.900 евра.