Apple го превзема одговорното лице за моторите од Tesla
Потпретседателот на Tesla, Мајкл Швекуч, кој одговараше за електромоторите во компанијата, премина со работа во Apple, пишува electrek.co кој се потпира на сопствени извори
Тој се смета за еден од најдобрите специјалисти во сверата на електромоторите. До доаѓањето во Tesla во 2015 година тој работел во инженерските компании BorgWarner и GKN Driveline, а патем создава и голем број електрифицирани енергетски агрегати.
Во Tesla тој одговара за електричниот погон на новиот родстер, на камионот Semi и на идниот пикап на брендот, кој ќе се појави до крајот на годината. Преминот на Швекуч во Apple, ги зголеми гласините дека компанијата ќе развие сопствено електрично возило. Тие се појавија од Стив Џобс, но како и повеќето идни проекти на Apple така и оваа,е строга тајна.
Во последната година се појавија информации дека компанијата се откажа од развојот на електромобил и ќе се фокусира на технологии за автономно движење кои ќе ги продава на други автомобилски производители.