fbpx

Volkswagen го проширува електричното семејство со SUV модел

Volkswagen најави дека на Шангајската меѓународна изложба (16-24 април) ќе демонстрира нов член на електричното семејство

На штандот на брендот ќе дебитира развојот на идејниот проект I.D. Roomzz, кој го означува почетокот на лансирањето на пазарот на целосно нов 100% електричен SUV модел. Серискиот Volkswagen I.D. Roomzz, кој ќе биде лансирана прво во Кина во 2021 година, се јавува како шесто потенцијално засилување во електричното семејство на автомобилскиот гигант и слично на останатите е развиен на специјално развиената платформа MEB.

Volkswagen

I.D. Roomzz ветува дeке ќе понуди нов концепт за ентериерот и поконкретно на седиштата, употреба на висококвалитетни материјали, внатрешно осветлување со можности за персонализација и друго. Друга интересна карактеристика на Volkswagen I.D. Roomzz е онаа дека електричниот модел ќе дебитира со целосно автономен систем за управување од ниво 4, каде нема потреба од присуството на возачот зад воланот.

Поврзани вести

Back to top button