Ford Mustang Shelby GT500 2020 ќе биде ограничен на 290 km/h
Ford ја намалува максималната брзина на Mustang Shelby GT500. Дали оваа одлука е оправдана или не, одлучете сами
Ford тврдеше дека Shelby GT500 2013-та е добар за 320 km/h на прав пат. Тој автомобил имаше 662 коњски сили (со компресор-натполнење), така што претпоставуваме дека GT500 2020-та, со над 700 коњски сили, ќе биде побрз, но изгледа не е така. Ford одлучил да го ограничи новиот Ford Mustang Shelby GT500 до 290 km/h.
Причината лежи во фактот дека чини многу да се направи автомобил кој постигнува 320 km/h, а Ford мисли дека е попаметно да проектира и произведе нова трансмисија со двојна спојка и да развие аеродинамички пакет кој ќе произведува голема сила која ќе го држи автомобилот за патот. Ford Performance посакува новиот GT500 да доминира на тркачките патеки, а за тоа не е потребно повеќе од 290 km/h.
Максимална брзина од 290 km/h најверојатно е доволно голема, но го става GT500 зад двата најголеми ривали. Camaro ZL1 демонстрираше дека постигнува 320 km/h, додека Challenger Hellcat Redeye е добар со потврдените 325 km/h.
Сè уште се чека точната бројка за времето од 0-100 km/h за да се добиеме појасна слика за споредба на GT500, а тука е и љубопитноста како ќе се покаже на тркачката патека. Таму се очекува Ford Mustang Shelby GT500 лесно да го помине Hellcat, а можеби и да биде вистинска главоболка за ZL1.
Иако, Ford ги нема бројките за перформанси или коњски сили/вртежен момент кои ги посакуваме, многу ветуваат системот за аеродинамиката и за ладење кај GT500 кои ги најавуваат. Autoblog известува дека кога GT500 е опремен со пакетот Carbon Fiber Track може да генерира до 2450 N (250 kg) сила надолу која го држи залепен на патот и позајмува термостат од Super Duty, бидејќи моторот развива толку многу топлина.