Renault EZ-Flex: Одржливо решение за урбана логистика
Renault ги откри деталите за својот иновативен експериментален дизајн EZ-Flex, кој беше дизајниран да понуди потенцијално решение за проблемот на логистиката за градски превоз на иновативен и одржлив начин
Renault го карактеризира EZ-Flex како вистинска алатка што ќе ја користат градските курири, а француската компанија потенцираше дека моделот ќе биде достапен за тестирање од разни професионални организации во Европа за да се соберат информации од неговата употреба во реални услови.
How to imagine tomorrow's #mobility in an increasingly urbanized world? 🌎 Experimental, connected & #electric, the #RenaultEZFLEX #LCV will explore #LastMileDelivery in smart cities 📦 🏙️ #INNOVATIONbyRenault #FutureOfMobility #Retail pic.twitter.com/owovoyleKS
— Renault Group (@renaultgroup) April 17, 2019
Со компактни димензии и целосно електричен погон, Renault EZ-Flex е исто така и автомобил од светска класа кој е способен да понуди решение за доставата во бурните и пренатрупаните урбани средини. Со одлична можност за маневрирање, експерименталниот Renault EZ-Flex има димензии од 3,86 m должина, ширина 1,65 m и висина 1,88 m, а неговиот карго простор достигнува импресивни 3 кубни метри.
Возачот има екстра лесен пристап до внатрешноста, може да се потпре на одлична видливост, а благодарение на целосна мобилна синхронизација, тој постојано е поврзан и информиран за тоа што се случува околу него.