Audi го избра наследникот на R8
Audi R8, на пазарот е присутен со втора генерација, што значи дека ќе остане на пазарот најмалку уште 2-3 години
Но, што ќе се случи потоа? – Одговорот на ова прашање го дава британското издание CAR. Според информациите, производството на моделот R8 ќе биде прекинато и неговото место ќе го заземе електричниот E-Tron GTR. Идејата на Audi во овој случај е да се отстрани атмосферскиот V8 мотор, заменувајќи го со сосема поинаков погонски систем.
Задачата на новиот супер спортски модел ќе биде да го направи она што на електричниот Audi R8 E-Tron не му успеа на пазарот. Автомобилот ќе биде опремен со три електрични мотори, со вкупна моќност од 650 КС. Еден од нив ќе биде на предната оска, а другите две на задниот дел, со тоа што ќе се обезбеди погон на четири тркала.
Системот ќе се напојува со батерии со капацитет од 95 kW/h. Благодарение на нив, електричниот спортски автомобил ќе може да помине околу 480 километри со едно полнење. Во срцето на моделот ќе биде платформата на Porsche Taycan, а E-Tron GTR ќе понуди забрзување од 0 до 100 km/h за 2,1 секунда.