BMW со директна набавка на кобалт потребен за батерии
BMW планира да купува кобалт за батерии кои му се потребни за електричните автомобили директно од автралиски и марокански рудници
Клучната суровина за создавање на батериите за електричните автомобили е кобалтот. Па поради тоа германскиот производител на автомобили реши да ја купува директно од рудниците во Австралија и Мароко со што ќе се осигура дека при производството на тој метал не е користен детски труд.
Се очекува BMW да започне со директна набавка од следната година, за потребите на производство на новите генарации на електрични возила. Потпаролот на компанијата Glencore, компанија за производство и трговија со суровини, за Ројтерс изјави дека го снабдува BMW со кобалт од австралискиот рудник Murrin Murrin, кој минатата година имал производство на 2.900 тона кобалт.
Најголеми резерви од овој метал има во Демократска Република Конго каде металот се добива од мали и небезбедни рудници со минимална механизација. Но BMW минатата година покренаа пилот проект со цел да се подобрат условите за работа во тие рудници.