fbpx

Новитети во гамата на Mercedes-AMG

Mercedes-AMG најави дека ќе ги префрли сите свои модели на погон на сите тркала, а како дел од својата иднина го прифаќаат трендот на електрификацијата

Познати како чудовишта со погон на задните тркала, AMG, сега интегриран во Mercedes-Benz, како нова перформансна дивизија го поставува погонот на сите четири тркала како стандарден низ целиот спектар на своите модели. Шефот на AMG, Тобијас Моерс, изјави дека оваа одлука е донесена врз база на големата побарувачка од страна на купувачите.

„Купувачите ни дадоа одговор, а повеќето од нив го избраа погонот на сите четири тркала. Кога порано ја нудевме AMG E-класата со погон на задни и погон на сите четири тркала, преку 90 проценти го одбраа 4WD системот“, изјави Моерс.

Mercedes-AMG

Тој исто така додаде дека супер автомобилот Mercedes-AMG GT би требало да го следи овој нов тренд на брендот, поради тоа што клиентите претежно се заинтересирани за возила со погон на сите четири тркала, што најверојатно се должи на поголемата безбедност и стабилност обезбедена од овој систем.

Компанијата го претстави напредниот погон на сите четири тркала со новата генерација на моделот E63. За разлика од претходните AWD модели, овој нов систем може да испрати 100 проценти од моќноста и вртежниот момент преку задните тркала со едно притиснување на копче. Според ова, добиено е високо ниво на безбедност, како и севкупна употребливост на погон на сите тркала.

Што се однесува до електрификацијата, Mercedes-AMG е решен да ги доведе своите високо перформансни модели во нова ера со ниски емисии. Тие веќе го направија првиот чекор во оваа насока со претставување на благите хибридни верзии на модели „53“. Покрај тоа, новиот GLS 580 користи AMG- дизајнирана 4,0-литарска дво-тубинска V8 единица, која работи заедно со 48 волтен електричен мотор.

Mercedes-AMG

„Развојот беше направен од нас, вклучувајќи го и 48 волтниот систем. Првично тој беше направен за моделите GLE 63 и GLS 63, а сега го вклучивме и во GLS 580“, рече Моерс. Тој додаде дека до 2021 година, нема да постои AMG модел без електрифициран погон, а што се однесува до моделите „65“ и нивната V12 единица, тие би можеле да го добијат хибридизираниот V8 мотор.

Најекстремниот електрифициран модел ќе биде претстојниот хиперкар наречен AMG One, со погон од Формула 1, кој се состои од 1,6 литарска турбо V6 единица и четири електрични мотори со максимална комбинирана моќност од 986 коњски сили.

Поврзани вести

Back to top button