fbpx

Audi со нов прототип на водородни горивни ќелии

И покрај главниот фокус на електрификацијата, германскиот гигант не се откажува од технологијата на водородните горивни ќелии.

Германската компанија го прифати модерниот тренд на електрификација, при што активно работи на проширување на електричната гама со новите e-Tron Crossover, e-Tron Sportback и e-Tron GT. И покрај фокусот на електрификацијата, компанијата не се откажала од технологијата на водородните горивни ќелии.

Поминаа неколку години откако Audi го претстави концепт за горивни ќелии, а кон крајот на годинава се очекува да биде претставен и прототипот на шестата генерација на горивни ќелии. Според публикацијата, обновениот фокус на водородните системи е резултат на растечката загриженост во врска со снабдувањето на суровини потребни за производство на батериските пакувања. Прашањата веќе се појавуваат и тие најверојатно ќе станат потешки бидејќи електричните возила почнуваат да го преплавуваат пазарот.

Audi

За борба против ова, Audi ќе стане водечка група на Volkswagen за технологијата на водородните горивни ќелии. “Ќе го зголемиме приоритетот во поглед на водородните горивни ќелии, ќе инвестираме повеќе пари, повеќе капацитет на луѓето и поголема самодоверба”, објасни претседателот на Audi, Брам Шот.

Како дел од овој труд, Audi може да стави возило со горивни ќелии во ограничено производство. Моделот може да се произведе во Некарсулм, Германија и да биде понуден на потрошувачите преку специјална лизинг програма. Може да пристигне до 2021 година и да ја користи технологијата на горивни ќелии од Hyundai, благодарение на договорот потпишан минатото лето. Понатаму, би можеле да очекуваме и дополнителни возила на водородни горивни ќелии, но Брам Шот вели дека масовното производство би можело да започне тек во втората половина на следната деценија.

Поврзани вести

Back to top button