fbpx

Од што зависи бројот на купените електрични автомобили?

Според објавените податоци на Европската асоцијација на автомобилски производители (ACEA) минатата година во ЕУ имаше земји во кои електричните модели заземаат речиси 10% од сите продадени автомобили. Спротивно на тоа, други земји покажаа незначителен процент од ваквите регистрации или само 0,2%

Интересен заклучок од овој извештај е и директната зависност на бројот на купените електрични модели од благосостојбата на граѓаните. Земјите каде што уделот на пазарот на електрични возила е под 1% имаат БДП по глава на жител под 29.000 евра. Интересно, оваа група ја предводат Полска, Словачка, Чешка, Литванија и Грција. И Полска е последна во листата на земји каде што граѓаните купуваат автомобили на електрична енергија – само 0,2%.

Лидери во електричната мобилност во 2018 година, со индикатори за купување на ваков тип на автомобили од над 3,5% од сите продадени автомобили, се земји од ЕУ, во кои БДП по глава на жител надминува 42.000 евра. Единствен исклучок е Норвешка, во која, покрај високите примања на населението, во 2018 година беа купени малку целосно електрични автомобили.

електрични

Извештајот покажува остри разлики помеѓу Централна, Источна, Северна и Западна Европа. Секој од овие региони има свои трендови во префрлањето на електрични возила. И главната причина за оваа ориентација е богатството/сиромаштијата на населението во овие земји. Во квантитативна смисла, најнапредната земја од ЕУ по бројот на електрични автомобили купени во 2018 година, е Германија – 67.658 примероци.

Петте европски земји со најмалку купени електрични во споредби со вкупниот број нови автомобили во 2018 година се: Полска – 0,2% (1.324 единици), Словачка – 0,3% (293), Грција – 0,3 % (315), Чешка – 0.4% (981) и Литванија – 0.4% (143).

Петте европски земји со најмногу купени електрични во споредби со вкупниот број нови автомобили во 2018 година се: Германија – 67.658 примероци (2%), Велика Британија – 59.947 (2,5%), Франција – 45.623 ( 2,1%), Италија – 9.731 (0,5%) и Шпанија – 11.810 (0,9%).

Поврзани вести

Back to top button