fbpx

Новиот Audi A7 е подготвен за премиера

Во западноевропските медиуми се појавија неколку фотки од тест прототипите на новата генерација на Audi A7

Ова ги зголеми гласините дека моделот ќе дебитира уште оваа година. Овие тврдења се потврдуваат откако моделот Audi A7 без камуфлажа бил „уловен“ на улиците на Москва.

Прототипот има германски броеви, при што само задните светла се малку скриени. Се гледа дека Audi A7 го повторува дизајнот на новиот предводник на брендот A8, кој беше претставен претходно оваа година. Се очекува дека двата модели ќе се потпираат на истиот погон и опрема. Според информациите, новиот Audi A7 ќе добие 3,0-литарски бензински и дизел мотори со 6 цилиндри. Спортската верзија S7 ќе се потпира на 2.9-литарскиот турбомотор од Porsche Panamera со моќност од 440 КС.

Освен тоа, A7 ќе ги наследи од предводникот A8, речиси сите нови технологии – како мултимедијални, така и оние за безбедност и помош на возачот. Автомобилот, исто така, ќе биде опремен со полуавтономниот систем за возење, кој дебитираше во поголемиот модел. Премиерата на машината ќе се одржи за време на салонот во Лос Анџелес во ноември. Продажбата ќе започне во јануари, а во март S7 ќе биде претставен во Женева. На крајот на 2018 година треба да биде готов и Audi RS7, кој ќе добие хириден погон од Porsche Panamera Turbo S E-hybrid.

Поврзани вести

Back to top button