Volvo помага при сообраќајна несреќа
Volvo на своите купувачи им нуди бесплатна апликација која ќе им помогне при сообраќајна незгода
Целта на апликацијата е на возачот да му пружи совет и помош доколку се случи сообраќајна незгода. Volvo е позната по технолошки напредните системи кои ги вградува во своите возила а ја намалуваат можноста и тежината на повредите во случај на незгода, бидејќи приоритет на компанијата е безбедноста. Новата апликација Car Accident Advisor пружа асистенција по случена незгода во која возачот и патниците не се повредени.
„ Volvo со години развива безбедносни системи кои им помагаат на службите да бидат известени и да дојдат на местото на сообраќајна несреќа за да обезбедат медицинска помош на време”, рече компанијата.
„Volvo Car Accident Advisor, служи како „водич” кој возачот ќе му помогне во следните чекори по несреќата, само откако потврдил преку Volvo Customer Care дека секој во автомобилот е безбеден и неповреден”.
Целта на апликацијата да го води сопственикот на возилото низ постапките кои следуваат, како што се идентификација на штетата, фотографирање на оштетените делови, известување на осигурителните компании и упатување до најблискиот овластен сервис.