fbpx

Маск ја објави цената на пикапот на Tesla

Илон Маск објави дека првиот пик-ап во историјата на брендот ќе чини помалку од 50.000 долари

Генералниот менаџер на Tesla, Илон Маск, објави дека првиот пик-ап во историјата на брендот ќе чини помалку од 50.000 долари. Ова е сосема изненадувачки, бидејќи другите модели на производителот на електрични автомобили се продаваат по многу повисоки цени.

Според Маск, ова ќе биде најдобар електричен пикап во светот, кој корисниците ќе можат да купат за 49.000 долари. Тврдењата се дека ќе биде многу подобар предлог од Rivian R1T, како и електричните модели на Ford кои излегуваат на пазарот.

Tesla

Се очекува дека пикапот на Tesla ќе понуди километража од 804 километри со едно полнење на батеријата. Моделот ќе има погон на четири тркала, што значи дека има еден електричен мотор на секоја оска и ќе има огромен вртежен момент. Суспензијата ќе се разликува во зависност од оптовареноста на товарот.

Премиерата на електричниот автомобил ќе се одржи до крајот на годината, а неговото производство и продажба ќе започнат во почетокот на 2020 година.

Поврзани вести

Back to top button