fbpx

Претставен новиот Mercedes AMG CLA 35 Shooting Brake

Со комбинација на перформанси и практичност, германците продолжуваат да ја зголемуваат AMG линијата

За оние кои покрај практичноста, сакаат да поуживаат и во перформансната изведба на својот автомобил, новиот Mercedes AMG CLA 35 Shooting Brake може целосно да одговори на нивните барања.

Под капакот, како и кај останатите членови на AMG 35 линијата, поставен е надградениот 2,0 литарски четири-цилиндарски турбо мотор, кој му обезбедува на овој Mercedes моќност од 302 коњски сили и вртежен момент од 400 Nm. Погонската единица е поврзана со седум-степен пренос со двојна спојка, кој ја пренесува моќта до стандардниот погон на сите четири тркала, овозможувајќи му на AMG CLA 35 Shooting Brake забрзување до 100 км/час за 4,9 секунди, пред да ја достигне ограничената максимална брзина од 250 км/час.

Mercedes AMG CLA 35 Shooting Brake

Присуството на AMG духот може да се забележи и по надворешноста на новиот автомобил, каде во предниот дел поставена е добро познатата решетка и AMG браникот. Тука се и предниот сплитер, сребрените хромирани акценти, спортските прагови и аеродинамички оптимизираните 18-инчни лесни алуминиумски тркала. На задната врата поставен е спортскиот спојлер, а она што го карактеризира задниот дел на AMG CLA 35 Shooting Brake е уникатниот заден браник со интегриран дифузер, каде двојниот издувен систем го прави уште поагресивен.

На листата на стилските опции ќе биде достапен AMG ноќниот пакет, како и AMG аеродинамичкиот пакет, кој додава нов преден сплитер и сјаен црн спојлер. Купувачите исто така можат да ги нарачаат и 19-инчни алуминиумски тркала, со сјајна црна или мат црна завршница.

Внатрешноста во голема мера се пренесува од CLA 35, каде присутен е дво-тонскиот тапацир, со високо-сјајни црни тримови и метални акценти. Тука се и педалите од нерѓосувачки челик, AMG патосниците и инфозабавниот MBUX систем.

Поврзани вести

Back to top button