fbpx

Arc Vector – најнапредниот електричен мотоцикл во светот

Електричниот моторцикл ќе влезе со производство веќе од идната година по цена од околу 114.000 долари

Електричниот моторцикл Arc Vector ќе го започне своето производство од идната година во новиот објект во Јужен Велс, а нарачките се веќе започнати со цена од околу 114.000 американски долари.

Произведени ќе бидат само 399 единици кои ќе можат да се нарачаат во првите 18 месеци, што претставува дополнителна причина за возбуда на идните сопственици. Со единствена цел да изградат агилен и моќен моторцикл, подеднакво забавен за управување како низ градските улици, така и на отворен пат, британската компанија ARC го дизајнираше она што они го нарекуваат „најнапредниот електричен мотоцикл во светот“. Така, Arc Vector се одликува со Human Interface технологијата, јаглероден монокок и тркачки инспирирани тркала. Најглавен елемент е hub-center steering системот, односно вид на управување преку централната главчина, кој обезбедува дополнителна контрола на моторциклот.

Arc Vector

“Системот што го развивме дава дополнителна контрола на моторциклот. Има неколку производители кои во минатото го имплементираа овој систем на управување, но тоа го направија преку anti-dive системот”, рече основачот и извршен директор на Arc, Марк Труман.

Во однос на перформансите и опсегот, Arc Vector е опремен со 399 волтен електричен мотор, кој произведува 133 коњски сили и вртежен момент од 148 Nm. До 100 км/час забрзува за само 3 секунди, пред да ја достигне максималната брзина од 201 км/час.

Во урбани услови, електричниот возен опсег на Vector изнесува 623 километри, додека пак на отворен пат може да патува околу 370 километри. Со вкупна тежина од 220 килограми, електричниот моторцикл е само малку потежок од повеќето конвенционални спортски моторцикли.

Поврзани вести

Back to top button