fbpx

Новиот Focus ќе биде полуксузен и поскап

Исто така, се предвидува дека обемот на производство на новиот модел ќе биде малку помал од оној на сегашниот модел

Следната генерација на Ford Focus ќе биде позиционирана повисоко на европскиот пазар, изјави Џим Фарли, глобален директор за маркетинг. Новиот Focus ќе биде лансиран во Европа во јануари или февруари 2018 година, а продажбата ќе се случи во текот на летото.

– Ние ќе ја позиционираме новата генерација скалило погоре, токму онака како што направивме со новата генерација на Fiesta, објасни Фарли. Како и кај Fiesta, опсегот на Focus ќе ја вклучи врвната модификација на Vignale, како и верзијата Active, која е инспирирана од кросоверите. Европската верзија на Focus ќе продолжи да се прави во Германија, додека онаа за САД ќе биде склопувана во Кина.

Во првата половина од годината продажбата на Focus во Европа се намали за 1,2% на 119.052 единици. Моделот е рангирана на четвртото место во својот сегмент. Пред него се наоѓаат VW Golf, Opel Astra и Škoda Octavia. Целиот сегмент на компактни модели беше намален за 1,9 отсто. Ова е резултат на насочувањето на клиентите кон SUV и кросовер изведбите.

Поврзани вести

Back to top button