Porsche не е заинтересиран за електрификација на GT моделите
Porsche сака да ја прифати електрификација во својот асортиман, но овие планови нема да се прошират и во GT моделите
Додека брендот планира да го прифати тековниот тренд на електрифицирање на своите модели, шефот на Porsche GT, Андреас Преунингер изјави дека овие планови нема да се прошират во спектарот на Porsche GT моделите. Тој исто така додаде дека дури и присуството на хибриден 911 во опсегот, нема да го насочи Porsche GT по хибридната или електричната рута.
„Има идеи за да се погледне во таа насока за нормална линија за спортски автомобили, но не и за GT автомобилите. Ако одлучиме да ги направиме сите тркачки автомобили електрифицирани преку ноќ, тогаш ќе имаме причина да го разгледаме тоа, но, како и секогаш, треба да биде врска помеѓу автомобилите што ги користиме на патеката на автомобилите што ги продаваме со придружен број. Прво, за хомологација, но исто така мораме да ја имаме истата ДНК во автомобилот и да ја делиме истата платформа, инаку ќе го изгубите кредибилитетот“, изјави Преунингер.
Преунингер е среќен што го гледа Porsche како се движи по хибридниот и целосно електирчниот пат, но знае колку е важно членовите на одборот на Porsche целосно ги поддржуваат плановите за GT проекти да останат напојувани од досегашните конвенционални мотори.
„Мислам дека е точно и правилно да се фокусираме на разивање на три столба, хибриден, комплетно електричен и типичен спортски автомобил. Ferry Porsche еднаш рече дека последниот автомобил на земјата ќе биде спортски автомобил и јас сум апсолутно сигурен дека е во право“, додаде тој.