fbpx

Audi Q7 со стилски промени и нови технологии

Со стилско преуредување и нови технологии, новиот и модифициран Audi Q7 ќе се појави на пазарот кон средината на септември

Промените во дизајнот се забележуваат по целата надворешност на германскиот SUV. На предната страна се забележуваат нови фарови со контурен дизајн и опционална HD Matrix LED технологија со ласерски светла. Компанијата исто така го дотера и задниот дел на Q7, каде поставена е хромирана лента која ги поврзува задните светла, кои самите доаѓаат со различни графики.

Модификации се направени и по внатрешноста на Q7, каде постои најновата верзија на инфозабавниот систем на германскиот автомобилски производител, со пар големи екрани во центарот на контролната табла. Виртуелниот кокпит на Audi исто така е стандарден, каде head-up дисплејот е опционален.

Audi Q7

На листата на позначајните промени се вбројуваат технолошките системи со кој е опремен новиот Audi Q7. Така, вклучен е системот за активна електромеханичка стабилност, кој го намалува движењето на телото на нерамни патни подлоги, при возење во права линија. Кога автомобилот се движи во свиоци, системот значително го намалува движењето на каросеријата. Тука е и опцонален систем за управување на сите четири тркала, кој ги завртува задните тркала до 5 степени во спротивна насока во однос на предните тркала, при мали брзини на движење, и во иста насока при поголеми брзини, со цел да ја подобри стабилноста. Адаптивно воздушно потпирање е исто така дел од новиот SUV.

Во зависност од пазарот, новиот Q7 ќе се продава со избор на два 3,0 литарски дизел мотори со моќност од 228 и 282 коњски сили. Понуден ќе е и 3,0 литарскиот бензински мотор со излезни 335 коњски сили, а наскоро и хибридниот модел ќе се приклучи на линијата. Сите достапни варијанти се приклучени со осум-степениот Tiptronic преносник и погон на сите тркала, а дизел и бензинските мотори вклучуваат електричен систем од 48 волти.

Поврзани вести

Back to top button