fbpx

Оптимално термичко управување за електрични возила

До 2024 година околу половина милион електрични возила за кинескиот пазар ќе бидат опремени со системи за термичко управување направени од NORMA Group

Norma Group има развиено комплетни системи за термичко управување за електричните возила на еден од водечките кинески производители на автомобили. Целокупниот систем обезбедува термичко управување на електричниот мотор, погонската електроника, технологијата за полнење и кабината на возачот. Со ова тие прават значаен придонес во управувањето со енергијаta и го зголемуваат опсегот на возилата, а и ја штитат батеријата. До 2024 година, околу половина милион електрични автомобили за кинескиот пазар ќе бидат опремени со системи од Norma Group.

Помало оптоварување на батериите

Комплексните системи за термичко управување од NORMA Group комбинираат термопластични повеќеслојни цевки, PS3 конектори, интегрирани температурни сензори, RSGU стеги за цевки и вентили. Изработката на цевките од термопластиката ја намалува нивната маса за околу 30 проценти во споредба со конвенционалните цевки од еластомер. Поради помалата маса, потребна е помала потрошувачка на енергија, олеснувајќи го оптоварувањето на батериите.

Специјални изведби на цевки, оптимизирани со помош на компјутерска симулација, обезбедуваат рамномерен проток на течноста за ладење, која го поддржува хомогеното температурно регулирање на поединечните функционални системи. Интегрираните сензори за температура се користат за континуирана контрола на температурата. Конекторите овозможуваат брзо, лесно и безбедно склопување. Цевоводните системи за термичко управување се произведуваат во фабриката на Norma Group во Кингдао, Кина, една од вкупно четирите производни локации во Кина. Поради локалното производство, потрошувачите имаат придобивка од кратките рокови на испорака и оптималната услуга.

Поврзани вести

Back to top button