fbpx

Хамилтон победи во Јапонија, кошмарот за Фетел продолжува

Возачот на Mercedes, Луис Хамилтон, ја освои Гран При на Јапонија, а кошмарот за неговиот главен конкурент за титулата Себастијан Фетел се чини дека нема крај

Германскиот пилот на Ferrari ја заврши трката пред време поради оштетување на моторот, што значеше нов „подарок“ од Скудерија за Mercedes. Луис Хамилтон прокнижи нови успеси уште во квалификациите за Гран При на Јапонија. Тој постави нов рекорд на најбрз круг на Сузука и ја регистираше својата 71-ва пол позиција во кариерата. Како во квалификациите и во трката возеше самоуверено и веќе на стартот покажа дека ќе јуриша на својата 61-ва победа во кариерата. Тргна пред Фетел, а со извонреден маневар возачот на RedBull, Макс Верстапен, се најде на третата позиција. Фетел веќе во вториот круг почна да ја губи моќта на болидот, па прво беше поминат од Макс, а веднаш потоа и од Естебан Окон од Force India, Даниел Рикардо од RedBull и вториот пилот на Mercedes, Валтери Ботас.

Себастијан веќе беше шести и само безбедносниот автомобил кој излезе поради инцидентот на Карлос Саинц му помогнал да остане на оваа позиција. По рестартирањето, Себастијан се обиде да го задржи челото и покрај штетата и загубата на брзината, но изгуби уште две позиции пред првиот свиок. Во петтиот круг, агонијата на четирикратниот светски шампион беше сопрена од боксот на Ferrari. Со ова заврши трката за Германецот и по се изгледа, сите негови надежи за освојување на светската титула оваа година.

Во деветтиот круг и Маркус Ериксон не успеа да запре и излета од патеката и го заглави болидот на Sauber во заштитните огради. Ова ги принуди судиите да го активираат виртуелниот безбедносен автомобил. Во 10-от круг трката повторно беше стартувана и Хамилтон и натаму беше на чело на колоната непречен од никого. Честа на Ferrari остана да ја спаси Кими Раиконен, кој возеше повеќе од добро и по 10 круга веќе беше седми, иако мораше да започне од 11-тото место по добивањето на казна од пет позиции заради промена на менувачот. Во 20-от круг, Раиконен успеа да го надмине Серхио Перез и веќе беше шести.

Во 21-от круг лидерот Хамилтон веќе успеа да ја зголеми предноста пред вториот Верстапен на пет секунди и од тука натаму почна да ги чува гумите за да ја одржи предноста. Во следниот круг, Верстапен веќе беше во бокс, што значеше дека Холанѓанецот стана прв од лидерите кои ги промени гумите. Во 22-от, истото го стори лидерот Хамилтон, кој ја следеше стратегијата на Макс и да не му дозволи да ја намали предноста. Во 28.-от круг, Хамилтон загуби три секунди од предноста, а причината беше многу силното темпо што го наметна Макс, што предизвика грижа во тимот на Mercedes. Луис побара од својот тимски колега Ботас да го пропушти пред него, а Финецот веднаш се „потчини на тимската наредба“ и Хамилтон повторно ја поведе колоната.

Во 31-от Валтери влезе во боксот, но во три круга успеа да го задржи Верстапен и да го забави темпото. Финецот ја заврши својата работа на совршен начин и неговиот тимски колега Хамилтон веќе водеше со три секунди пред вториот Макс.

Две круга пред крај, Луис се пожали на силни вибрации во неговиот болид. Во само еден круг, Британецот ја загуби предноста, а Мкас буквално се залепи на неговото задно крило. Хамилтон, сепак, направи подобри маневри со возилата кои заостануваа за еден круг и на крајот успеа да триумфира. Верстапен беше втор, а трет низ целта мина неговиот тимски колега, Даниел Рикардо. Кими Раиконен со Ferrari финишираше пети, а зад него се пласираа пилотите на Force India Себастиан Окон и Серхио Перез, потоа Кевин Магнусен и Роман Грожан од Haas, а Фелипе Маса со Williams ја комплетираше „дестеката“ која освојува поени.

Хамилтон е се поблизу до титулата и е водечки со 306 поени, дури 59 повеќе од Фетел. Ботас собра досега 234, пред Рикардо со 132 и Раиконен со 148.

Поврзани вести

Back to top button