fbpx

Hyundai ја претстави новата CVVD технологија

Hyundai тврди дека новиот бензински мотор е за 5 проценти поефикасен, со намалување на емисиите за 12 проценти

Корејскиот производител го претстави новиот 1,6 литарски турбо бензински мотор со првата во светот технологија наречена Continuously Variable Valve Duration (CVVD). Спремен да дебитира подоцна оваа година во новиот Sonata седан, системот CVVD е дел од моторот и семејството на менувачи на Smart Stream, чија цел е да ја оптимизира ефикасноста и на перформансите и на горивото.

„Технологијата за контрола на вентилот го регулира времетраењето на отворањето и затворањето на вентилите според условите на возење, постигнувајќи зголемување од 4 проценти во перформансите и подобрување на ефикасноста на горивото за 5 проценти. Освен тоа, технологијата ги намалува емисиите за 12 проценти“, изјавија од Hyundai.

Hyundai

„Претходната варијабилна контрола на вентилот не можеше да го регулира времетраењето на вентилот, бидејќи времето на затворање на вентилот беше подредено на времето на отворање и не можеше да одговори на различни ситуации на возење. CVVD ја носи оваа технологија во нова насока со прилагодување на тоа колку долго вентилот е отворен“ додадена компанијта.

Прв кој ќе ја прифати оваа технологија е новиот G1.6 T-GDi ‘V4’ бензински мотор со турбополнач, кој развива 180 коњски сили и 265Nm вртежен момент. Покрај CVVD технологијата, агрегатот доаѓа со LP EGR – вентил со низок притисок за рециркулација на издувните гасови, кој дополнително ја зголемува горивната ефикасност, со враќање на дел од согорениот гас назад во комората за согорување, кој има разладен ефект и ја намалува емисијата на азотни оксиди.

Компанијата исто така додаде дека триењето во моторот е намалено за 34 проценти благодарение на употребата на нови подвижни делови.

Поврзани вести

Back to top button