„Фатена на дело“ новата генерација на Mercedes GLE
Пред две години беше лансирана обновената верзија на ML, која според новата номенклатура го доби името името GLE
Сега, сепак, очигледно е време за целосно нов модел кој ќе го наследи големиот SUV на Германците.
Иако тешко маскирна, оддалеку може да се препознае стилот и формите на E класа, со која кореспондира како модел и јавно дизајнерите го сакаат токму тој ефект. Се започнува од предниот дел, во фаровите, формата на всмукувачите на воздух и решетката и се пренесува преку страниците во малку заострена линија во задниот дел, како и формата на изразените браници. Очекуваме шасијата да биде со намалена маса, бидејки тоа беше еден од недостатоците на моделот, но да се зголеми отпорноста на торзија.
Овој пристап со сличноста кај класите започна од GLC и C класа и очекуваме да продолжи, но не знаеме колку ќе и се допадне на фановите на брендот, бидејки во последно време моделите се разликуваат само по димензии и форма на каросеријата. Во моторниот аспект очекуваме и тука да влезат во употреба нови редни шестцилиндерски агрегати, добро познатиот V8 битурбо мотор на AMG, како и хибридна верзија, која најверојатно ќе биде во комбинација со дволитарскиот мотор.