2020 Mercedes-AMG GLC 43 4Matic дебитира со 385 КС
Новиот AMG GLC 43 4Matic доаѓа во стандардна и купе форма, а на пазарот се очекува да се појави нешто подоцна оваа годината
Со оглед на тоа што GLC 43 4Matic се основа на освежениот GLC претставен претходно оваа година, тој има голем број нови елементи кои го разликуваат од претходниот GLC 43. Најочигледните визуелни промени доаѓаат во форма на ревидирани предни и задни светлосни уреди, но сепак тие се само суптилно поинакви од моделот GLC 43 кој го заменува.
И двете верзии на новиот GLC 43, стандардната и купе, го користат 3,0 литарски V6 мотор со двоен трубо полнач, кој нуди моќност од 385 коњски сили и вртежен момент од 520 Nm. Оваа моќ се испраќа до тркалата преку девет-степениот автоматски менувач и 4Matic системот за погон на сите четири тркала. Благодарение на ова, Mercedes-AMG GLC 43 4Matic до 100 km/h забрзува за околу 4,7 секунди, пред да ја достигне максимално ограничената брзина од 250 km/h.
Системот на погон на сите тркала го распределува односот на вртежниот момент на предната и задната оска од 31 до 69 проценти, а како стандардни доаѓаат и AMG Ride Control и системот за воздушно потпирање, кој нуди неколку возни режими, како Comfort, Sport и Sport+.
Движејќи се накај кабината, двата GLC 43 како стандард доаѓаат со кожни спортски седишта со црвени акценти и алуминиумски елементи. Други детали вклучуваат управувач со рамно дно, галванизирани педали за промена на степенот на пренос, а како дел од опционалната листа е и AMG управувачот. Како и повеќето нови модели на Mercedes-Benz и Mercedes-AMG, GLC 43 е опремен со најновиот MBUX инфозабавен систем, кој може да се управуава преку гестикулации, гласовни команди, копчиња со допирна контрола на управувачот, како и преку тачпадот поставен во централната конзола.