fbpx

2020 Corvette C8 сега со централно поставен V8

Со 496 КС и до 100ка за помалку од 3 секунди, Stingray 2020 претставува првиот Corvette кој го усвојува дизајнот на централно позициониран агрегат

Како еден од најочекуваните модели оваа година, Chevrolet конечно ја претстави осмата генерација на популарниот модел Corvette. Носејќи го името Stingray, Corvette C8 претставува првата серија на спортскиот модел кој доаѓа со централно позициониран погонски агрегат. На усвојувањето на овој дизајн се работеше со години, а оваа одлука претставува конечно остварување на сонот на Зора Аркус-Дунтов.

Новата генерација на спортскиот автомобил доаѓа со значително агресивен преден дел, комплетиран со триаголен дел опкружен со големи воздушни доводи, тенок сплитер и робусна хауба чии линии одлично се вклопуваат со текот на LED фаровите. Спортскиот стил продолжува и во задниот дел, каде сега присутно е и ново ветробранско стакло, поставено со задача визуелно да ја долови агресивноста и моќноста на V8 единицата.

Другa значајнa карактеристикa e задниот вентилирачки браник, кој доаѓа со имплементиран спортски дифузер и издувен систем со четири издувни цевки, а секако тука се и ревидираните задни фарови со аголни акценти. Сепак, и покрај сите промени, инженерите успеаа да го задржат отстранливиот покрив.

Интериерот доаѓа со нов и возбудлив дизајн. Управувачот сега е нов дво-крак дизајн и овозможува непречен поглед на 12-инчниот дигитален инструментен кластер. Поставено е и Z копче преку кое сопствениците можат да ги прилагодат поставувањата за перформансните режими. Променет е и инфозабавниот систем, сега е побрз и полесен за користење, но Chevrolet не ја откри колемината на екранот, но кажаа дека дисплејот е со поголема резолуција.

Најголемиот новитет кај Corvette C8 е новата позиција на агрегатот, каде сега V8 моторот е централно поставен. Како таков, во варијанта од 6,2 литарски LT2, тој испорачува 490 коњски сили и вртежен момент од 630 Nm. Достапен е и опционален Z51 Performance пакет, каде тука овој V8 произведува 495 коњски сили и 637 Nm. За жал, новиот Corvette 2020 веќе нема да биде понуден со рачен менувач. Наместо тоа, достапен ќе е само осум-степениот автоматски менувач со двојна спојка, кој ја испраќа моќноста до задните тркала.

https://www.youtube.com/watch?list=PLXUL675yJjiZqLYh_DLqa6RETHDxdEsRN&v=Bffra1n68Nk

https://www.youtube.com/watch?v=9k8e0hso8Zo

Поврзани вести

Back to top button