Sumitomo концепт на пневматик кој генерира електрична енергија
Замислете дека можете да повратите дел од изгубената енергија преку пневматиците кога и да возите
Компаниите за пневматици работат на тоа и последното кое е откриено, а е концепт кој ветува регенерација на енергијата од пневматиците е Sumitomo. Работејќи заедно со истражувачи од Универзитетот Кансаи во Осака, Јапонија, Sumitomo има развиено концепт на пневматик кој го враќа и складира статичкиот електрицитет генериран од ротацијата на пневматикот.
Sumitomo концепт на пневматик за генерирање електрична енергија
Процесот познат како фрикционо полнење или трибоелектричен ефект, предизвикува формирање на статичко електрицитет секогаш кога нагазниот слој се деформира додека се тркала по патот. Sumitomo концептот на пневматик е опремен со уред познат како „жнеач” кој ја враќа оваа електрична енергија.
Уредот се состои од два елементи со филм за полнење со спротивен поларитет поставен во внатрешната површина на пневматикот. Како што се деформира пневматикот, тие доаѓаат во контакт, а генерираниот статички електрицитет е заробен и префрлен во спроводниот слој. Заробената енергија би можела да се искористи за напојување на електрични уреди во автомобилот, исто како што се користи регенерацијата на енергијата од сопирачките.
Овде не зборуваме огромни количини на електрична енергија, но сепак постојат многу практични апликации. Sumitomo посочи дека електричната енергија може да се користи за напојување на сензори кои вообичаено се потпираат на батериите кои треба да се заменуваат, како што е мониторот за притисок во пневматиците. Сепак, нема ниеден збор кога можеме да ја видиме технологијата подготвена за производство.